Јавниот превоз во Скопје функционира по неделен возен ред
Јавниот превоз во Скопје денеска ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици.
Како што соопшти ЈСП „Скопје“, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни од 6 до 13:30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.