Стоилковски: Показател за тоа каква е борбата против корупцијата е 6 месечното молчење од страна на ДКСК за залудно потрошени над 2 милиони денари во Општина Гази Баба
„Да ја потсетам ДКСК дека еве веќе точно 6 месеци откако во јуни од Општина Гази Баба новата општинска власт во Гази Баба до ДКСК поднесе претставка за залудно потрошени над 2 милиони денари, една афера која јас ја извадив на прес конференција уште во октомври месец за новинари и експерти за социјални мрежи како и еден продукциски тим кои потрошиле над 2 милиони денари а немаат поднесено никаков извештај за она што е сработено ниту има некаков видео материјал поднесено“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Тој посочи дека од тогаш поминати се 6 месеци а нема никаков резултат за овој случај кој не е ни малку банален ниту мал. Еве еден показател каква е борбата со корупцијата во Македонија.
„Ангажирани без никаков извештај кои земал над 1 милион денари бил Бојан Кордалов експерт за социјални мрежи, околу над 347 илјади денари Љубиша Станковиќ и Санта Аргирова, режисерот Томислав Живковиќ над 278 илјади денари договори во изборна година потпишани од поранешниот градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски“, кажа Стоилковски.
Стоилковски додаде дека сеуште нема никаква реакција за поднесената претставка од јуни месец.
„Во јуни беше поднесена претставка, во октомври споменав на прес конференција дека се изминати 3 месеци а нема никаква реакција од таму како и за оние четворица кои земале половина милион денари за проект филм документарна серија убавините на Гази Баба од кој нема апсолутно ништо ни снимка ни извештај“, изјави Стоилковски.