Клековски: Постојат повеќе причини од национална гледна точка поради кои треба да има избори

„Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за избори е да донесеме нов импулс и ново управување на државата за да ја вратиме државата во исправна насока. Колку подолго се на власт толку полошо е што само допридонесува да тонат надолу“, рече членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во вчерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој посочи дека 80% од населението смета дека државата се движи во погрешна насока, а инфлацијата е два пати повисока од ЕУ или втора највисока во регионот.

„Постојано бараме опции и можности како да изградиме поширока коалиција која ќе доведе до избори кој би и дале на граѓаните на Македонија можност да изберат во која насока сакаат да се движи државата. ВМРО-ДПМНЕ комуницира со сите партии во парламентот и тоа е нормално бидејќи збориме за неминовна политичка комуникација и има активни разговори со сите можни чинители внатре“, рече Клековски.

Клековски вели дека во моментов се движиме во насока која не беше ветена на избори.

„Никој не ветуваше уставни измени на претходните избори а тие не беа толку одамна .Во основа има повеќе причини од национална гледна точка заради која треба да имаме избори“, изјави Клековски.

Постави одговор

Your email address will not be published.