Чибишев: Македонија се наоѓа во епидемиолошки хаос и здравствено безредие
За жал морам да констатирам дека Македонија се наоѓа во епидемиолошки хаос и здравствено безредие. Веќе неколку месеци има многу пациенти со тешки респираторни симптоми кои траат подолго од вообичаено, посебно кај децата, се вели во Фејсбук статусот на доктор Андон Чибишев.
-Амбулантите и болниците се преполни со пациенти кои имаат температура, кашлаат, имаат воспаленија на бели дробови, а надлежните институции се уште немаат објаснување за каква инфекција се работи. Дали е тоа корона (кракен), бактерија, друг вирус или нешто четврто. Во неколку градови во државата нема педијатри, колегите гинат на работните места, не можат на сите на им помогнат, во други градови нема одредени медикаменти , општо нема лекови за ретки болести. Жално, неприфатливо, дно, истакна Чибишев.