Ковачки: Доктор осуденик, кој нема завршено медицина дал налог да се носи во болница убиецот кој и избега на власта, ОВА Е КЛЕПТОКРАТИЈА
Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, ќе споделиме со јавноста дека попладнето во затворот работел “доктор” кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте – истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема, напиша на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
-Значи, “доктор” затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница. Во племенски заедници има подобра организација на власт. Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија. Малку е 1 тим за корупција од САД да ни дојде. На Македонија и’ е потребен генерален ремонт. Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава, истакна Ковачки.