Tим за санкции од САД ќе ја сузбива корупцијата во Македонија, најави Американската амбасадорка Агелер
Тим за санкции од Вашингтон е тука да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки.
Ова преку Фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во Скопје, го соопшти американската амбасадорка, Анџела Агелер.
Во продолжение од пораката таа упатува строги критики кон состојбите во македонското правосудство.
![](https://zbor.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/318660939_529933042506873_4071149981143428727_n.jpg)
„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.
Амбасадорката претходно изрази критика и при изборот на Ислам Абази за прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Како што беше истакнато, резултатите од изборите на кои гласаа обвинителите биле збунувачки.