Талевски: Директорот на РЕК Битола, со закани се обидува да ја сокрие вистината
На денешната прес конференција Владо Талевски, член на централната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека македонската енергетика предводена од криминалната матрица на СДС го достигнува дното со лаги, рекетирање и енормно осиромашување на граѓаните.
„Деновиве после објавите за криминал и корупција, директорот на РЕК Битола, со заканување се обидува да ја сокрие вистината. Проблемите во енергетскиот систем стравуваме дека ќе кулминираат оваа зима, како резултат на погрешните политики во енергетиката. ВМРО-ДПМНЕ предупредува веќе подолго време, а за тоа највисока цена, за жал, ќе платат битолчани и граѓаните околните општини Новаци и Могила“, рече Талевски.
Тој додаде дека и по пет години власт на СДС, останува со проблемот со загадениот воздух, никакви активности и грижа не покажаа ниту за граѓаните, а уште помалку за 2.000 вработени кои секојдневно се жалат на условите во кои работат,а немаат ниту ХТЗ опрема.
Проблемот и натаму се зголемува, ако знаеме дека квалитетот на јагленот кој се ископува се меша со земја за прикажување на поголеми количини, а тоа е многу лошо за животната средина. Ваквата мешавина за да согорува бара поголема поддршка од мазут во котлите! Тоа лесно може да се види од извештаите за работа на термоелектрани Битола каде и покрај значајниот пад производството на електрична енергија потрошувачката на мазут двојно се зголемува. За 2020-та година за 2.415 GWh потрошено е 7,7 грама по киловат поддршка. За 2021 година за рекордни мали 1.864 GWh поддршката била 13,21 грам по киловат. За 2022 година за произведени 1.100 GWh поддршката била 12,21 грама по киловат“, рече Талевски.
Имено на самата прес конференција тој дури нагласи дека проблемот го прави уште поголем набавката на мазут, при која не се испочитувани европските стандарди. Количеството на сулфур е двојно повисоко од она што е дозволено за користење. Според ЕУ директивата од 1 јануари 2020-та година дозволено е користење на мазут со максимум 0,5 % сулфур! Тоа во РЕК Битола, не е испочитувано!