Стоилковски: Во само еден ден нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и за лек за цистична фиброза

Во само еден ден расипничката власт објавува оглас за 137 вработувања на буџет, во администрација. Ова е показател за расипништвото и целосна забеганост. Во само еден ден нови 137 административци, а нема пари за студентски оброк и не дава за лек за цистична фиброза, обвини денеска на прес конференција портапролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ова е начинот на којшто се справува со кризите. Ова е примерот за политиката “намалување на обемната администрација” за што се фалеа. Полнење на администрацијата со партиска војска, во услови на криза во само еден ден 137 државни службеници. За буџетска плата и придонеси. Овие вработувања се дополнителен товар на земјоделците, дополнителен товар на работниците дополнителен товар на сите коишто се во реалниот сектор. Нема пари за студентите, нема пари за земјоделците, нема пати за лекови за пациенти кои протестираат пред здравство, ама има пари за партиската војска на СДС и ДУИ“, тврди Стоилковски.

Според него, од овие огласи за државни службеници 100 во министерство за финансии, 22 во Собрание, 9 во министерството за труд и социјална политика, двајца во фонд за пензиско, и четворица директно во кабинетот на Димитар Ковачевски во владата.

„Ова се огласи за 137 места со просечна плата од 30.000 денари за плата и придонеси. Тоа се речиси еден милион евра следната година за плати и придонеси за партиските вработувања на СДС и ДУИ сега, во очи на нова година. Ете за што им требаше најголем буџет, ете за што билдаат даноци, ете за што не се откажуваат од акцизи. Ова е срамно и понижувачки! Само избори се спас од оваа забеганост!“, рече партискиот протпарол Стоилковски на денешната пред конференција.