СДС и Ковачевски се осудени лажговци, а тоа го потврдуваат и институциите кои се нивни, претседателот Мицкоски доби пресуда против СДС за клевета и навреда, така клеветат и сега

Државата тоне на секое поле, граѓаните се сиромашни, а СДС наместо да се фати за работа за да обезбеди подобар живот за сите, продолжува да лаже и манипулира. Поголеми лажговци и криминалци од функционерите на СДС нема.  Најмалку што може да зборуваат од СДС е за лага.  СДС се докажани лажговци. Како што дезертерот Димитар Ковачевски ја лажеше јавноста дека не отслужувал војска заради студии, а потоа заради здравствени причини, за на крај излезе документ дека е трајно неспособен, реагираат преку партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ и Ковачевски лажат, а најдобара показател за тоа е што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ добил судска пресуда против СДСМ за клевета и навреда.

До ден денешен не одговори пред јавноста кога всушност лажел, ниту пак прифати утврдување на неговата деловна способен за извршување на премиерската функција. Каков претседател дезертер и лажго, таква партија. Дури и институциите потврдуваат дека СДС лаже. Имено, само за потсетување на СДС, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и во ова партизирано и политизирано правосудство го доби случајот против СДС за клевета и навреда, велат од ВМРО-ДПМНЕ

На СДС и Ковачевски им паѓа рејтингот, и сакаат преку лаги и манипулации да го кренат. Но прочитани се од граѓаните. Граѓаните знаат на кого може да му веруваат, а на кого не. Мицкоски е секогаш на страната на народот, за разлика од Ковачевски кој е против македонскиот народ. Но, ова за брзо ќе заврши. На Македонија и граѓаните им е потребна промена, стои во партиската реакција од ВМРО-ДПМНЕ.