Сведоштво на судско рочиште во Белград: Ликвидатор на наркобосови доби македонски пасош

Не престануваат да излегуваат нови информации во врска со аферата во која МВР издавало македонски пасоши на криминалци и наркобосови од регионот.

Денеска нова потврда за случајот и од судот во Белград каде се одржа рочиште на кое исказ имаше сведок, а во врска со убиствата на нарко босовите од Црна Гора и Србија во Атина.

На 19 јануари 2020 година, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ биле убиени додека со семејствата биле на вечера во ресторан во Атина.

Сведокот на денешното рочиште истакна дека Лаиновиќ го убил Стаматовиќ.

-Брашнијевиќ го уби Дедовиќ кој веднаш доби куршум во челото и главата му падна во чинијата, вели сведокот Срѓан Лалиќ, пренесуваат српските медиуми.

Прашан кога Лаиновиќ преминал на Косово и како, тој одговорил дека добил лажен пасош во Македонија.

-Од Македонија илегално премина таму, а мислам дека со лажен пасош премина кој му го направија Македонци, изјавил сведокот.