Приватните превозници ги повлекуваат автобусите од „Илинденска“

Приватните превозници почнаа да ги тргаат автобусите од булеварот „Илинден“ од пред Град Скопје. Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека ќе ги прими на разговор, ако најпрво ги тргнат блокадите.

Сега тоа го сторија, па се очекува превозниците да заминат на преговори во Владата за да се договорат околу долгот кој го има Град Скопје кон нив.