Нови дојави за бомби во главниот град – 15 училишта останаа празни
Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Меѓу средните училишта се и „Јосип Броз Тито“, средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, „Ѓорги Димитров“ и други.
Мината недела, покрај дојавите за бомби во училиштата, имаше дојави и за неколку трговски центри, државни институции, станбени згради и Транспортниот центар.
Неделно по две до три дојави за бомби се испраќаат на адресите на училиштата и институциите веќе три месеци.