Воведена можност за електронско плаќање на сметките за парно
ЕСМ Снабдување со топлина воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет страница ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk). Воведувањето на новиот систем за електронско плаќање е резултат на определбата на ЕСМ Снабдување секогаш да им излегува во пресрет на барањата и потребите на потрошувачите.
Фактурите за топлинска енергија потрошувачите можат да ги платат без банкарска провизија, електронски на веб страната, во делот „ПЛАТИ СМЕТКА“ користејќи две веб услуги.
-“БРЗО ПЛАЌАЊЕ”е нова веб-услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија преку која потрошувачите со едноставно внесување на бројот на фактурата можат да извршат онлајн-плаќање, без претходна најава и регистрација на кориснички профил. “EsmEPay услугата” е нова веб-услуга за електронско плаќање на фактурите за топлинска енергија со најава и регистрација на кориснички профил за имот или имоти. Платформата овозможува преглед, филтрирање и плаќање на сите доспеани фактури за повеќе имоти како и внес на состојба на мерилото за индивидуални објекти, велат од компанијата.
За да може потрошувачите да ги користат услугите за електронско плаќање на фактурите потребно е да ги следат упатствата поставени кај соодветната веб-услуга на веб страницата на ЕСМ Снабдување Упатство за користење на услугата EsmEPay – кориснички профил или Упатство за користење на услугата “Брзо плаќање” .