ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека земји сојузници барале Виктор Димовски да не биде амбасадор и дека Зарко Милошевски е спорен заради случајот Онишченко, оставки веднаш

Стево Пендаровски се изгуби вечерва помеѓу желбата како полтрон да се истакне во СДС за да добие поддршка за кандидатура и да биде аналитичар допадлив за јавноста. Пендаровски призна дека влијателни земји, наши сојузници имале критика до Владата, Виктор Димовски да не оди амбасадор во Франција, како што сака Ковачевски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Проблемот со Виктор Димовски е заради случајот Онишченко, човек кој се мешал и во изборите во САД, како што кажа Пендаровски.

Пендаровски призна и дека Ковачевски направил грешка со назначувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ  бидејќи и тој како и Виктор Димовски е дел од скандалот со Онишченко.

И Виктор Димовски и Зарко Милошевски се срам за Македонија и НАТО. Тие се опасност за целиот Сојуз.

Во делот на правосудството и институциите кои ги спроведуваат законите Пендаровски треба да знае дека СДС е 7 години власт и не може веќе некој друг да е виновен за хаосот“ – се наведува во партиското соопштение.