Стефковски: Ветувањата се реализираат, Булачани добива училишна сала

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на Фејсбук, информира дека е издадено одобрение за изградба на нова училишна сала на ООУ „Наум Охридски“ во Булачани.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

-ООУ „Наум Охридски“ во Булачани добива нова училишна спортска сала! Утрово го потпишав Решението со кое се издава одобрение за изградба на нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во Булачани. Учениците од Булачани добиваат современи услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование.
Се реализира уште едно ветување од изборната програма! Гази Баба се сака со дела! – напиша Стефковски.

Постави одговор

Your email address will not be published.