Стаменкоска Трајкоска: МОН се уште нема излезено со предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби, нема на повидок решение

Ова што сега се случува, првенствено за учениците и наставниците, но да не заборавиме психолошки терор имаат и родителите со сите овие дојави за бомби и ова секојдневие кое нам ни се случува кое е многу страшно. Сите сме во исчекување на решавање на проблемот и надминување на истиот. Еве и денес со најголем број на дојави, немаме на повидок можно решение, или некоја форма и предлог од МОН за овие проблеми да бидат надминати, изјави за „Аргумент плус“ на ТВ 24 пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Саменкоска Трајкоска.

Таа истакна и дека одговори и решенија за целата ситуација и надополнување на наставата треба да има и таквите треба да се добијат од МОН кое раководи со образованието.

– Кога се зборува за онјлајн настава, тоа ни е познато, но имавме две години пропаднати со таков тип на настава. Мораме да размислуваме за последиците, колку има позитивни и негативни страни, но тогаш бевме принудени. Сега имаме друга ситуација, сега треба да се искористат сите други алатки кои можат, да не се оди одма со онлајн настава, може да се организира добар протокол, рече таа.

Стаменкоска Трајкоска посочи дека кога има дојави учениците се пуштаат без да им се дадат задачи, а кога нема дојави не се надополнува загубеното.

– Кога има дојава училиштата ги пуштаат учениците, но дали учениците треба да останат дома неаминирани, доколку би имало протокол би можело да се продолжи денот на пример со онлајн настава или ден кога нема дојави со физичко присуство да се надополни, истакна таа.

Во врска со тоа што се презема на ниво на Скопје каде се најчести дојавите таа истакна дека се поставуваат и прашања и има реакции во советот на Град Скопје, но одговор од градоначалничката и реакција нема.

Постави одговор

Your email address will not be published.