Скандал: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица на полноќ, на вонредна седница додели 630 милиони денари на ЈСП на Арсовска

Како шверцери кои прават криминал, советниците на СДС, ДУИ и Левица на полноќ побараа вонредна седница во советот на Град Скопје.

Без да има никаква потреба за вонредност тие побараа вонредна седница да се гласа за 4 точки. Точките се:

Првата точка, да се доделат над половина милијарда денари пари за ЈСП без да има детално образложение како ќе се троштат.

Втората точка, за уредување на градежно земјиште за која особен интерес покажа бизнис партнерот на СДС, ДУИ.

Третата точка, за криминална преполовување на долгот што треба спортскиот центар Борис Трајковски раководен од кадар на СДС да го исплати на градот Скопје, при што Градот се откажува за половина од сумата од 1 милион евра што Спортскиот Центар треба да ја исплати на Градот.

Четвртата точка финансирање на изработка на урбанистички планови.

Пример како функционира криминалната коалиција СДС, Левица и ДУИ е токму точката каде се префрлаат над половина милијарда денари на ЈСП без да се побара детален извештај за тоа.

Претходно на редовната седница на Советот на Град Скопје СДС гласаше против, и откако се договори и усклади со ДУИ и Левица побараа вонредна седница на полноќ на која гласаа ЗА 650 милиони денари субвенции за нивниот директор на ЈСП, Александар Стојковски.

Коалицијата на хаосот и криминалот СДСМ, ДУИ и Левица на дело. Лепакот се криминалот и тендерите на Арсовска.

Постави одговор

Your email address will not be published.