Претрес во домот на 73-годишен кавадарчанец: Пронајдени оружје и муниција, полицијата го уапси

Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера во Кавадарци од страна на полициски службеник од Полициската станица Кавадарци е лишано лице од слобода со иницијали О.Т на 73 годишна возраст.

Како што стои во соопштението, при претрес во неговиот дом помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ со футрола и две рамки со вкупно девет куршуми калибар 7,65 мм, пиштол „Gesichept“ со една рамка, пиштол и 61 куршум со различен калибар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Постави одговор

Your email address will not be published.