Од денеска блокади само на Илинденска

Блокадите на крстосниците од денеска се префрлаат само кај просториите на Град Скопје. Од 10 часот автобусите ќе се дислоцираат на крстосниците кај „Мавровка“ и Црвен крст и од таму ќе се упатат на булеварот „Илинденска“. Причина за префрлање на автобусите од крстосниците на „Илиденска“, е за да се направи поголем притисок на Град Скопје кој им должи 1,5 милион евра.

Од „Слобода превоз“ укажуваат дека одлуката е донесена затоа што управата на Град Скопје е единствениот виновник за ситуацијата и затоа што сакаат да ги поштедат граѓаните од сообраќајниот хаос.

Приватните превозници со 200 автобуси блокираат неколку крстосници во главниот град во знак на револт поради неисплатениот долг од Град Скопје.

Постави одговор

Your email address will not be published.