Лефков до Грковска: Дали превземавте одредени дејствија за тоа што компанијата основана од кумот на Ковачевски земала државна помош?

Првото прашање е до Славица Грковска, заменик на претседателот на Влада задолжен за политики за добро владеење. Ќе ве потсетам дека согласно членот 23 став 1 од етичкиот кодекс, вие сте одговорно лице за спроведување на кодексот и ќе ве потсетам дека за извршување на таа функција добивате соодветна поддршка односно имате вработени лица кои што ви даваат поддршка, имате еден службеник за оперативна поддршка, имате службеник за логистичка поддршка, имате посебен советник за координација, имате посебен советник за анализа за политики на добро владеење, други четири вработени преку авторска агенција кои ви даваат ваква или слична поддршка и добивате логистичка поддршка од уште 6 лица кои што ви даваат логистичка поддршка, вкупно вредите колку една собраниска комисија, истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешните пратенички прашањa.

-Дали знаете дека на денешен ден пред 365 дена во време на прогласена кризна состојба, во случај на нарушување на пазар и електрична енергија донесена за начинот на снабдувања со електрична енергија во кризна состојба, Владата во оставка на фирмата во сопственост на кумот на премиерот, а основана лично од премиерот добива над 200 000 евра државна помош, и тоа на 2 дена пред Нова Година, и тоа на 2 дена откако на седница на централниот одбор на СДСД, Ковачевски е избран за мандатар. Ќе ве потсетам дека сегашниот премиер на Влада, Ковачевски и кумот ја основале Пиксел Груп. 5 месеци откако СДСМ прави Влада. Оваа фирма добива 4 исплати од Фонд за иновации во вкупна вредност од 4 3240 363 денари или 70 314 евра. Државна помош во 8 исплати во вредност од 27 262 082 денари или неверојатно 443 000 евра. Кумот, а тоа е предвидено во Законот за спречување на корупција, а тоа е предвидено и во членот 5 од етичкиот кодекс, а вие сте одговорно лице за негово спроведување. Оваа фирма која што ја основа кумот добива и тендери во ЈКП Комуналец, Свети Николе во вредност од 100 000 евра, потоа во ЈП Пасишта, две набавки од 172 343 евра, општина Ѓорче Петров од 48 000 евра, општина Чаир 108 000 евра, тендер од ЕВН во вредност од 2 милиони евра. Три месеци откако Ковачевски е премиер се основа фирма во Софија со основачки влог од 15 000 лева. 8 месеци откако е премиер фирмата основана од него и фирмата од Софија ја основаат АС СОЛАР АД Тетово вредна 54 милиони евра, истакна тој.

Пиксел основана од премиерот, а во сопственост на кумот има 40%, а фирмата од Софија 60%, рече тој.

Лефков ја запраша Славица Грковска, заменик на претседателот на Влада задолжен за политики за добро владеење дали преземала одредени дејствија за тоа што компанијата основана од кумот на Ковачевски земала државна помош и дали со непостапување Грковска станува дел од организирана група која со тргување на влијание испумпува државни средства за себе или за свои блиски лица.

-Барањето треба да стигне на адреса на Влада на Република Македонија односно барањето од компанија во која удел има кумот на Ковачевски ќе стигне на Илинденска бр2 кај кумашинот . Тоа што значи, дека компанијата која планира да гради фабрика за панели во индустриска зона аплицира за државна помош, а Паунов се повлече одборот на директори, но на крајот на денот парите ќе завршат во која има удел односно еден дел давател на помошта ќе биде Ковачевски, а од друга страна примател ќе биде кумот. Прашањето е дали вие Славица Грковска, како лице одговорно за спроведување на кодексот сте преземале било кави дејствија во врска со скандалот за исплата на државна помош на форма која била основана, а во момент на исплата е поседувана од кумот на претседателот на Владата. Дали сте преземале одредени дејствија за фактот што компанија основана од страна неговиот кум користи државни тендери од компанија во која мандатен сопственик е токму кумашинот? Дали ги земавте во предвид вашите задолженија како член на влада за почитување на Уставот, законите, етичкиот кодекс за кој сте непосредно одговорна и декларативните заложби за борба против корупција и дали мислите дека со непостапување станувате дел од организирана група која со тргување на влијание испумпува државни средства за себе или за свои блиски лица, рече Лефков.

Второто пратеничко прашање на Лефков се однесуваше до министерот за правда, Тупанчевски односно дали Тупанчевски како министер за правда има контрола во секторот со кој раководи.

-Второто прашање е до министерот за правда Тупанчевски, видовте дека според истражувањата на ИРИ најслабо котира кога станува збор правосудство од државата и според сите релевантни истражувања во државата судството бележи континуиран пад на довербата на граѓаните. Моето прашање е според Законот за организација и работата на органите на државната управа, министерство за правда ги врши работите кои што се однесуваат на судство, јавно обвинителство, кривична одговорност, прашањето е дали земајќи ги во предвид законските одредби, правата и обврските кои ги преземате со преземањето на функцијата дали сметате дека имате контрола во секторот кој го раководите, праша Лефков.

Постави одговор

Your email address will not be published.