ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Данела Арсовска, Левица и ДУИ се главните продуценти на хаосот во Скопје, нула работа, стопирани проекти и крими тендери е резултатот на оваа коалиција

Коалицијата на СДС со Данела Арсовска, Левица и ДУИ се главните продуценти на хаосот кој му се случува на Град Скопје. СДС и ДУИ кои поинаку и не знаат да работат под своја контрола си ја зедоа Арсовска, а на помош им дојде и Левица во урнисувањето и безредието во Скопје, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Нула работа и еден куп стопирани проекти, долгови и матни тендер зделки е сликата која ја создава оваа крими коалиција, а за жал сето тоа оди на штета на скопјани, но и на цела држава.

Наместо реализација на ветувањата и проекти за подобар град, скопјани на товар добија криминални тендери договарани на тајните средби на Тачела коалицијата. А дека функционира оваа коалиција јавноста се увери кога Ковачевски јавно застана во одбрана на Арсовска синхронизирано користејќи истите нејзини тези. Додека пак Ковачевски е нападнат, Арсовска излегува со лаги за дефокус на јавноста.

Наместо бесплатен превоз, скопјани добија се поретки автобуси, но затоа Арсовска и Ковачевски си договорија криминален договор за набавка на нафта од неколку милиони евра без рабат и попуст какви имале сите претходно договори. А покрај тоа се трошат и милионски суми за консултантски услуги.

Од овој колач се офајдуваат и ДУИ и Левица кои им помагаат во нефункционирање на градот и кои глумат дека стојат на страна, а всушност се дел од коалицијата која го создава хаосот. Левица и ДУИ ништо не прават за добро на градот, напротив помагаат истиот да се уништува.

Доказ за оваа коалиција се и директорските места кои ги споделуваат заедно со ГРОМ.

Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.

Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.

Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.

Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.

Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.

Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.

Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.

Додека директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.

Ова се кадрите со кои Арсовска го создава хаосот, а впрочем доведена е во прашање и нејзината деловна способност. Наместо деструкција, кочење, матни тендери, најдобро е Арсовска да си даде оставка за да дојде градоначалник кој ќе го извади Скопје од бездната во кој Тачела коалицијата го втурна, се вели во соопштението на партијата.

Постави одговор

Your email address will not be published.