ВМРО-ДПМНЕ: Заради суета и финансиски ќар владата одби понуда за гас по фиксна цена од 850 евра, а два месеци се плаќа двојно поскапо

Заради суета и финансиски ќар владата одби понуда за гас по фиксна цена од 850 евра, а два месеци се плаќа двојно поскапо, втелат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата не ја искористи можноста и помошта која ВМРО-ДПМНЕ ја даде обезбедувајќи контакти кои можат да обезбедат набавка на гас по фиксна цена од 850 евра за цела 2023 година, а во исто време во земјава се купувало гас и по 1950 евра за 1000 нм3.

Цената по која можеше да се обезбеди гас е далеку под берзанската. Владата не набави гас кој е далеку поефтин од тоа што се тргува моментално и од тоа што се тргуваше во изминативе два месеци на берзите.

Заради суета и финансиски ќар на власта народот преку буџетот плаќа милиони евра повеќе. Државата секојдневно губи.

СДС ја носи Македонија на раб на енергетска неизвесност. Потребни се промени и нова влада која ќе знае како да ја развива државата, се вели во соопштението на партијата.