ВМРО-ДПМНЕ: Дамева од судски приправник преку фотка со Заев до прв човек на Судскиот совет- партизирањето пуштено на најјако

Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е показател за партизирањето на судството во Македонија кое го прави власта на СДС и ДУИ. Што би рекле граѓаните „партизирањето пуштено на најјако“. Без ден искуство како судија таа прво беше избрана за член, а сега дојде до позиција претседател на совет, кој ќе оценува и избира основни, апелациони и врховни судии. Судски приправник како Дамева да догура до вака висока позиција во судството е како болничар да стане неврохирург и без било какво образование и искуство да влезе на операција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваквите црпнати и насадени кадри во судството се причината зошто граѓаните немаат доверба и зошто корупцијата и криминалот на власта цветаат. Исто како и изборот на Ислам Абази така и изборот на Дамева се класичен партиско политички договор на владејачките партнери. Тие дури и запазиле во текот на изборот лицата да имаат фотографии со врвните партиски фигури од двете партии како врвна препорака за функцијата. Ова ако им е критериумот, тогаш очигледно строго го почитувале. Да биде уште потрагично за Дамева ваквата фотографија со Заев не била ништо спорно. Тоа го покажува капацитетот и моралниот интегритет на една особа која од партиската правна комисија на СДС брзопотезно стана претседател на Судскиот совет.

Вакви залутани ликови во правосудството треба час поскоро да си заминат. Време е да понесат одговорност сите оние кои преку партиски нарачки дојдоа на функции да го штитат криминалот на власта, стои во партиското соопштение.

Постави одговор

Your email address will not be published.

ZBOR.COM.MK