„Власта ДОБИ ШАМАР од германскиот претседател, им кажа дека нивните проценки за ЕУ СЕ НЕРЕАЛНИ“

Власта во Македонија од германскиот претседател, Штајнмаер доби сериозно врел шамар, тој јасно им кажа дека нивните проценки за ЕУ се нереални и оти никој во ЕУ не може да гарантира кога ќе влеземе, рече Љупчо Димовски, претседател на Социјалистичката партија на Македонија на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

„Се испостави дека она што опозицијата го кажуваше околу лицитацијата со датуми за влез на Македонија во ЕУ е точно. Опозицијата во овој контекст јасно го кажа ставот за отворање на Уставот, а власта ако смета дека има доволно гласови нека го отвори прашањето на седница во Собрание и нека видат дали имаат гласови колку што се потребно“, рече Димовски.

Според него во една ваква ситуација се може да се реши само со вонредни парламентарни избори. Власта, вели тој, говори многу работи, но тоа го прави за да го мобилизира своето членство, бидејќи свесни се дека во Македонија има многу кризи.

„Македонија живее во вонредни услови и се справува со многу кризи економска, енергетска, политичка, здравствена, прехранбена.  Главниот генератор на сите овие кризи е Владата. Владата имаше можност да ја прифати подадената рака кога иницирав да дојде до првични разговори, лани ова време, за да не се случи ова што се случува. Но, дојдоа локални избори, инсталирање на Ковачевски за премиер. И сега состојбата е три пати повеќе искомплицирана. Владата како генератор нема капацитет почнувајќи од министрите во областа на економските ресори“, рече Димовски.

Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски иако опозиција се обидуваат да помогнат со линкови за да се ублажи енергетската криза. Димовски додаде дека Владата нема капацитет за ништо, па така не реши ништо во делот на цената на храната каде требаше да замрзне цени, а не маржата.

Како и да е, посочи тој, не окрупнување на мнозинството.

„Опозицијата може да делува само во Собранието и преку активна блокада или тоа што е добро за граѓаните и државата да го поддржи. Власта пак сето време се грижи само за лични интереси на  партиските челници. Тие гледаат само да прават зделки, влезени се длабоко во корупција и криминал“, рече Димовски.