Saturday, December 2, 2023
домаВЕСТИПорака од обичен член на ВМРО-ДПМНЕ: Ги оставивме и младоста и животот...

Порака од обичен член на ВМРО-ДПМНЕ: Ги оставивме и младоста и животот за Вие да се вгнездите во удобните фотељи и после избори да бидете недопирливи

Статус на Јован Ване Петров:

„Повторно се појавува по телевизиски дебатни емисии и повторно исти приказни,…..

Тодоров НИКОЛА…. коските ги оставив во таа партија,

епа вака госин Тодоров, прво тоа не е таа партија таа е ВМРО-ДПМНЕ, второ не ти, НИЕ ги оставивме и младоста и животот за Вие да се вгнездите во удобните фотељи и после избори да бидете недопирливи, ние НЕ спиевме(буквално) за разлика од Вас кои во секој град, во секое населено место имавте ПРЕЧЕК, имавте обезбедено и ЈАДЕЊЕ и ПИЕЊЕ и СПИЕЊЕ,

Ние госин Тодоров здравјето на терен го оставивме цврсто убедени дека сме на правиот пат со правите луге. Да, јас имам и храброст и доблест да ја признаам грешката која ја направив заради лошата процена на Вас и сличните на Вас,

За разлика од Вас, ние што оставивме СЕ имаме едно големо НИШТО, а Вие? е вие си знаете колку имате добиено од како што ја нарекувате таа партија.

Никој не ве тегнеше за уши во исто време да бидете и министер и вицепремиер и шеф на републички изборен штаб и носител на листа, никој освен вашето големо его, вашата самобендисаност и мислата дека ако не сте вие се ке пропадне. Пропадна да, но баш заради тоа што Вие бевте се а всушност НИШТО,

Затоа госин Тодоров, гледајте си го кафичот и робата која се продава во него(непречено), гледајте си ја адвокатската канцеларија и ако имате барем трунка морал во себе понудете и дајте БЕСПЛАТНА правна помош на лугето кои НЕМААТ НИШТО а се дадоа себе и своите фамилии за ВАС и сега се по затвори.!!!

И на крај, Вашата ера на моќ заврши со враќање на пратеничкиот мандат, да бевте искрени, чисти и чесни ке останевте и во собрание ке ги покажевте и докажевте Вашите чесни намери.

Оставете го ВМРО-ДПМНЕ затоа што од него премногу земавте а НИШТО не дадовте!

ЗБОГУМ!“, заврши Петров во својот статус.

1 коментар

  1. За жал и овие денешниве партијци градоначалници претседатели на општинските комитети се на најдобар пат со нивната ароганција се однесуваат како од нив се да започнало иако додека ние работевме тие не беа ни родени

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

последно додадени

последно коментирани