Порака од обичен член на ВМРО-ДПМНЕ: Ги оставивме и младоста и животот за Вие да се вгнездите во удобните фотељи и после избори да бидете недопирливи
Статус на Јован Ване Петров:
„Повторно се појавува по телевизиски дебатни емисии и повторно исти приказни,…..
Тодоров НИКОЛА…. коските ги оставив во таа партија,
епа вака госин Тодоров, прво тоа не е таа партија таа е ВМРО-ДПМНЕ, второ не ти, НИЕ ги оставивме и младоста и животот за Вие да се вгнездите во удобните фотељи и после избори да бидете недопирливи, ние НЕ спиевме(буквално) за разлика од Вас кои во секој град, во секое населено место имавте ПРЕЧЕК, имавте обезбедено и ЈАДЕЊЕ и ПИЕЊЕ и СПИЕЊЕ,
Ние госин Тодоров здравјето на терен го оставивме цврсто убедени дека сме на правиот пат со правите луге. Да, јас имам и храброст и доблест да ја признаам грешката која ја направив заради лошата процена на Вас и сличните на Вас,
За разлика од Вас, ние што оставивме СЕ имаме едно големо НИШТО, а Вие? е вие си знаете колку имате добиено од како што ја нарекувате таа партија.
Никој не ве тегнеше за уши во исто време да бидете и министер и вицепремиер и шеф на републички изборен штаб и носител на листа, никој освен вашето големо его, вашата самобендисаност и мислата дека ако не сте вие се ке пропадне. Пропадна да, но баш заради тоа што Вие бевте се а всушност НИШТО,
Затоа госин Тодоров, гледајте си го кафичот и робата која се продава во него(непречено), гледајте си ја адвокатската канцеларија и ако имате барем трунка морал во себе понудете и дајте БЕСПЛАТНА правна помош на лугето кои НЕМААТ НИШТО а се дадоа себе и своите фамилии за ВАС и сега се по затвори.!!!
И на крај, Вашата ера на моќ заврши со враќање на пратеничкиот мандат, да бевте искрени, чисти и чесни ке останевте и во собрание ке ги покажевте и докажевте Вашите чесни намери.
Оставете го ВМРО-ДПМНЕ затоа што од него премногу земавте а НИШТО не дадовте!
ЗБОГУМ!“, заврши Петров во својот статус.