Нула од Брисел за напредокот на здравствената заштита во Македонија!
Здравствената заштита која ја добиваат граѓаните во државава е еднаква на нула. Ова го констатира Извештајот на Европската комисија. Додека официјален Брисел вака ни го оценува здравството, надлежните не прават ништо да ја подобрат состојбата, смета Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Фокусот им е единствено на тендерите. Ова најсликовито се гледа со случајот со нов клинички центар во Скопје кој наместо да биде изграден, договорот за заем беше раскинат и сега државата ќе плаќа 8,5 милиони евра, велат оттаму.
Заклучокот Извештајот на Европската комисија вели „напредокот во областа на здравството не само што е ограничен, туку е и во регресија“. Коментирајќи го истиот од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ констатираат дека „истата таа регресија актуелната политичка гарнитура се обидува да ја затскрие наметнувајќи теми кои што се политички и сурово ги црпи и исцрпува ресурсите наменети за здравствениот сектор само за лично богатење и корупција“.
Во оваа ситуација останува да се следат сугестиите од официјален Брисел дадени во Извештајот. Прво, по основ на заштита на правата на пацинетите ЕК препорачува заштитата на правата на пациентите да се усогласи со законската регулатива на ЕУ и јасно да бидат запазени сите механизми кои се дефинирани со таа регулатива. Тоа подразбира пред се подобрување на информираност на пациентите, велат од комисијата.
ЕК забележува и дека јавното здравство се соочува со дефицит на специјалисти поради нивно префрлување во приватните здравствени установи.
Оттука, значи дека треба да се работи на создавање услови за ниво задржување во земјава, а механизмите се познати потребна е опрема во јавното здравство, соодветни приходи, континуирана обука на медицинскиот кадар. поради мобингот кој го вршат раководните кадри на здравствените установи врз здравствените работници. Во однос на забелешката за обуките за медицинската опрема може да се направи разлика од периодот пред 2017 година кога преку програми со средства обезбедени од министерството за здравство се вршеа обуки како за доктори така и за средно медицински кадар надвор од Македонија во реномирани странски болници. Овие обуки се укинати како програмски активности, или ниту ресорното министерство, ниту Владата не обезбедуваат средства за континуирана едукација. Ниту пак стратешки и централизирано се води сметка за едукација на медицински персонал за воведување нови методи и практики во јавното здравтво со што се запоставува сегментот на зајакнување со напредни и современи методи за подобрување на јавното здравје, коментираат од надлежната Комисија на ВМРО-ДПМНЕ.