На Уставен суд падна забраната на Маричиќ за употреба на името Македнија од страна на Македонците

Судска одлука ја поништи забраната за употреба на името Македонија во имиња на организации и правни субјекти во Македонија и во странство.

Со одлука на Уставниот суд се поништува решението на поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ, кој сега е вицепремиер за евроинтеграции.

Според судското решение, секој Македонски граѓанин има право да го употребува името Македонија во правниот живот на Македонија.

Адвокатот Тони Менкиноски и Димитар Џундев, претставник на организацијата „Млади за Македонија“ успејаа да ја урнат владината позиција врз основа на непочитување на човековите права на македонците и нивна дискриминација.