На Бисера СЕ ЧУДИМ Костадиновска еве и го најголемиот проект со точно 16 книги и тоа не било каде, туку во Франкфурт на Светскиот саем на книгата!!!
Исповед на Македонка во Франкфурт:
„Денес беше многу убав сончев ден. Поради тоа што во Франкфурт е Светски саем на книгата, а и поради тоа што прочитавме дека ќе има и штанд од Македонија, решивме да го посетиме.
Сите возбудени тргнавме низ целиот тој хаос од насмеани лица да го бараме Штандот од нашата земја. Дури разговаравме и за тоа да си купиме и некоја книга, па од кој писател или поет….и така на крајот стигнавме до “штандот”….или подобро да речам еден ѕид од метар и пол со 16 книжуриња……еј дури 16.
Па во тој момент не знаев што да направам. Не знаев дали да се смеам или да почнам да тажам и лелекам на глас.
Па како не ви е срам на сите вас кои сте на власт или до неа…..па толку ли немаме бре писатели и поети кои можеа да одвојат нешто од своите дела и да се претставиме во поубаво светло. Пари ли не ви стигнуваат ненаситни едни? Ненајадени, ненапиени и непрошетани лопови.Министерство за култура…алоо..се слушаме ли?
Па да кажевте бе ние од овде ке се соберевме и подобро ќе се изорганизиравме за да ја претставиме Македонија во најдобро светло.
Едно Косово што постои од вчера имаше штанд од 20 квадрати со литературни читања.
Жално…многу жално…се е отидено во неповрат