Како Антикорупциска брани непотистички вработувања во МВР на луѓе блиски на Спасовски

Документ кој е објавен на социјалната мрежа Твитер покажува како Државната Комисија за Спречување на Корупција толерира непотизам при вработувања во МВР.

Од документот се гледа дека ДКСК одобрува злоупотреба на функција со толерирање на луѓе блиски до министерот Спасовски, но и до други министри, функционери, пратеници и директори.

Меѓу вработените се и поранешниот пратеник, а сега амбасадор Зеќир Рамчиловиќ, директорот на БЈБ Таневски и многу други.

“НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА и ПРИЈАВИ ОД ДРУГИ КАНДИДАТИ” – со ова облазложение Антикорупциска комисија ги затвора сите случаи на вработувања на блиски лица БЕЗ ЈАВЕН ОГЛАС* во МВР.

* Како се вработуваат цели фамилии во МВР , стои во Твитот каде што е објавен документот.