Бугарскиот историчар Илчев: Не сме браќа со Македонците- културните клубови во Македонија во иднина би требало да бидат именувани со понеутрални имиња

Можам да разберам, но не можам да го оправдам отварањето на културниот клуб со името Цар Борис Трети, а притоа да се изненадиш дека ќе предизвика остра реакција. Тоа е како да фатиш куче за опашка и да се изненадиш кога ќе те касне, вели бугарскиот историчар Иван Илчев.

Во гостувањето на ТВ студио, Илчев посочи дека културните клубови во Македонија во иднина би требало да бидат именувани со понеутрални имиња и да претставуваат мостови на соработка.

– Ниту еден клуб на Бугарите во Македонија нема да биде прифатен, но треба да се проба со имиња како мост, братство, пријателство итн, вели историчарот.

Тој е категоричен во тврдењето дека Бугарите не се браќа со Македонците, а ја искажа и тезата дека бројни припадници на бугарското малцинство во Македонија биле прогонувани со децении.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ очекува поддршка во Собранието за предложениот закон со кој ќе се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани. Тоа ќе важи и за веќе регистрираните здруженија во Македонија, од кои дел во изминатите месеци беа причина за нови несогласувања со Бугарија.