БУГАРИТЕ ИМАЛЕ ФОНД ЗА ПОТКУП НА МАКЕДОНЦИ, и тоа не е од вчера

Министерскиот совет на Бугарија во 1890 год., назначува комисија којашто поднесува пропагандна програма која е усвоена од Народното собрание во Софија на 11.11.1891 година.

Ова го открива македонскиот дипломат Стево Симски во неговите дипломатски белешки.

,,За реализирање на посочената програма одвоени биле 5 (милиони) и 500 илјади франци (25% од буџет на Бугарија за 1892 год.). Наведената сума била искористена и за: – 2. 500 000 франци, за поткупување видни чиновници на Високата Порта и канцеларијата на дворецот во Цариград; – 800 000 франци, за поткупување видни чиновници од власта во етногеографска Македонија и – 150.000 франци за поткуп на чорбаџии во градовите и селата”, пишува Симски во својата Дипломатска белешка од 2015 година.

Колкав е буџетот на актуелната бугарска влада за поткуп во Макеоднија сега не е можно да се дознае затоа што во сегашната пропаганда се вклучени различни државни, тајни и граѓански субјекти.