На претседателот на Советот на Град Скопје му беше ускратено правото да работи и да го регулира говорот на седница на Град Скопје

На претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница му беше ускратено правото да го регулира говорот на говорниците. Ова право на претседателот на Советот му е дадено со цел да не дозволува од говорницата да се користи говор на омраза, навреди по национална, етничка припадност, навреди на лична основа.

„Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што кој било од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора да го спречи. Оваа седница ќе ја завршиме на овој начин“, рече претседателот на Советот, Трајко Славески.

Тој додаде „јас ве уверувам дека нема да почнам седница по завршување на оваа седница, доколку не се врати опремата која на претседателот на Совет му обезбедува контрола врз дискусиите на лицата кои излегуваат на говорница“.

На денешната седница на Советот на Град Скопје претседателот не му беше овозможено да работи согласно Деловникот. Со опремата која е во надлежност на претседател на Совет или копчето со кое се регулира дискусијата во смисла да нема навреди и слично раководеа служби на Градот. Заменикот на Арсовска советникот од ГРОМ, Александар Трајановски јавно призна дека свесно и намерно му било одземено тоа право на Славески.

Но, и Славески не остана должен. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески и го одзема микрофонот на градоначалничката отако Арсовска зборуваше 3 саата.

– Очигледно не можете да се справите со тоа што треба. И сметам дека не смее да ви се дозволи правото тука со копче некому да кажете кога некој ќе отпочне, а кога ќе престане да говори. Затоа што правото на градоначалникот е неприкосновено…- зборуваше Арсовска на микрофон.

Славески дојде до говорницата и го отстрани микрофонот. Најави пауза од 10 минути.

– Сите се малтретирани овде поради вас, дополнителни три часа. Досега ќе ја изгласавме иницијативата. Не се расправајте со советниците. Поради вашето вакво однесување, се малтретираме овде – ѝ возвраќа Славески откако се враќа на своето место.

Постави одговор

Your email address will not be published.