Министерот Николоски се иззема од одговорност за откупните цени во земјоделството

Љупчо Николовски позитивен на Ковид-19 - Независен Весник

Пиперките во Струмица завршија на буниште, оризопроизводителите повеќе од еден месец се на улица и бараат повисока откупна цена , а пред колапс е и краварството, производителите на млеко почнаа да го продаваат по социјални мрежи бидејќи откупната цена од 22 денари не им се исплати за маката – ова се очигледно резултатите од  навремената стратегија на Владата за обезбедување храна и поттикнување на домашното производство.

Според првиот човек на сеткорот Земјоделие, Љупчо Николовски Планот кој го донеле Владата уште пред војната во Украина давал резултати и не бил намален интересот кај земјоделците и сточарите. Николовски како Министер за земјоделие, не можел да Сноси одговорност за откупната цена оти кризата била на светско ниво.

„Сите мерки кои се навремени ќе го стабилизираат домашното производство. А цените растат во целиот свет и се предизвикани од сите кризи и Љупчо Николовски не може да носи одговорност за цените, туку за навремено предвидување мерки и политики кои се носат и креираат во соработка со науката и со земјоделците. Дали ќе имаме доволно храна јас цело време велам дека ќе има зголемено домашно производство. Како ќе зборуваме за берзански цени . Мерките се однесуваат на стратешки култури“, рече Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Покрај сите кризи , Македонија е и во млечна криза, Николовски признава дека најмногу се должи со исплатата на субвенции  кај сточарите и ветува дека до крајот на годината ќе биле исплатени со нова интервентна мерка која треба да помине утре на Владина седница.

Сепак неговата институција не можела да каже колку ќе биде цената на млекото, а Информациите за намалено производство на млеко биле паушални.

„Не сме институција која може да кажува колку ќе биде цената на млекото, слушам паушални информации за намалено производство, намалено е само четири проценти“, порача Николоски

Николовски како и во повеќе наврати, така и денес ги уверуваше новинарите дека неговата институција прави се што може и повторно потсети на дел од мерките од интервентиот фонд, а не ја пропушти приликата да се пофали дека сме успеале да го дуплираме производството на сончоглед и мерката за субвенцонирање на сончогледодт ќе продолжи наредната година.

Извор: ТВ Алфа