Ковачки: Како дезертерот Ковачевски стекнал и сè уште има безбедносен сертификат за пристап до државни тајни кога има документ дека е трајно неспособен?

Ковачки: Ковачевски дезертирал од војска во 2001 година - Либертас

Сомнително и нејасно е, и како дезертерот Ковачевски се стекнал и се’ уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, имајќи во предвид дека истиот приложил документ дека е трајно неспособен со цел да избегне служење на воен рок, посочува Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Без разлика дали дезертерот Ковачевски е навистина трајно неспособен или пак лажно се претставувал дека е трајно неспособен, тој не требало да добие и да го задржи безбедносниот сертификат, односно не е во можност да ја извршува функцијата премиер. Според член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување. Безбедносниот сертификат на дезертерот Ковачевски е издаден од страна на директорот на ДБКИ, Славевски, за кого иако постојат индиции дека е учествувал во криминал, земање мито за издавање на безбедносни сертификати, и со месеци бега да се јави на распит, се’ уште е на функцијата, вели тој.

Ковачки прашува: „Дали самоволието во ДБКИ, и нереагирањето на дезертерот Ковачевски се должи на фактот што Славевски го издал и се’ уште му го нема одземено безбедносниот сертификат, иако веќе и јавноста е запознаена дека постои промена во условите за издавање?“

-Дезертерот Ковачевски да не бега и да не се крие. Да си поднесе оставка веднаш, а институциите да поведат постапки за него со цел утврдување на неговата состојба.Народот не смее да го води човек што или е трајно неспособен и со тоа избегнал служење војска, или е лажоман и фалсификатор на лекарски наоди, со цел да се престави себе си како трајно неспособен, за да не служи војска, посочува тој.

Постави одговор

Your email address will not be published.

ZBOR.COM.MK