Ќе се оданочуваат и штедните влогови на граѓаните во банките

По појавувањето на веста дека власта ќе ги оданочува и штедните влогови на граѓаните во банките, со свој пост се јави Александра Андреева, член на Комората на Сметководители на Република Македонија.

Еве што порача Андреева:

  1. Месечна провизија за одржување на сметка (дури и кога со месеци нема ниту една трансакција)
  2. Провизија за прва, втора или трета декада
  3. Провизија за налози во платен промет (и тоа електронски сами ги внесуваме, оти не дај Боже во банка да отидеш да ти поминат налог, во некои банки е неверојатни 120 денари по налог!)
  4. Провизија за изводи (кои бај д веј сами ги печатиме)
  5. Провизија за проверка на салдо на сметка
  6. Провизија за затворање на сметка
  7. Провизија за платежна картичка

… и така натаму до недоглед со креативноста на банките за провизијата која ниту еден закон не ја регулира, па затоа од година на година нижат милионски добивки и си исплаќаат се поголеми дивиденди. Оти чувај Боже некој нив да ги чепне.

Ама затоа вие кои можеби некако сте успеале да заштедите барем 1000 евра и да ги орочите во банка (вие си знаете кои магии ви требале за тоа, веројатно од вишокот од покачувањето на минималната плата), со најновите брилијантни реформи во најава бидете подготвени дека најверојатно и за тоа ќе треба да платите данок на државата.

Се расположивте од информацијава? Не, и јас не. Ај може следниот пат Васко Жабата ќе ни ги испее реформиве за полесно да ги свариме.