Владата во Приштина го одложи за еден месец реципроцитетот кон Србија

Владата на Косово синоќа донесе одлука да го одложи за еден месец спроведувањето на реципроцитетот кон Србија во однос на личните документи и на одлуката за замена на српските со косовски регистерски таблички, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката е донесена по синоќешната средба на косовските челници со амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, кој им го изнел барањето на Вашингтон за одлагање на спроведувањето на реципроцитетот за еден месец.

„Владата на Република Косово најостро го осудува блокирањето на патиштата на северот на Косово и пукањето во вооружени лица таму. Станува збор за тенденција за дестабилизација на Косово и загрозување на мирот и безбедноста на граѓаните и нашата држава. Имаше бројни агресивни дејствија поттикнати и подготвени од официјален Белград. Премиерот Курти заедно со претседателот Османи и вицепремиерите Бислими и Гервал се сретнаа со американски и европски меѓународни партнери. Во оваа прилика, Владата на Косово се обврзува дека од понеделник, 1 август 2022 година, ќе го одложи спроведувањето на две одлуки од 29 јуни 2022 година, за 1 септември 2022 година, кога ќе се отстранат сите барикади и ќе се воспостави целосна слобода на движење по сите патишта на северот на Косово. Им благодариме на меѓународните партнери, особено на американскиот амбасадор Џефри Ховени за нивната посветеност и придонес – се вели во соопштението на Владата.

Постави одговор

Your email address will not be published.