Томовски: Владата да не го крие и да го објави протоколот кој содржи целосна бугаризација, каква и информација да помине во Собранието, ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени

„Владата да го објави протоколот кој е контраверзен и кој го крие од македонската јавност. Протоколот кој според информациите на бугарските медиуми ја крие суштината на бугаризација на Македонија, промена на историјата, промена на учебниците, прифаќање дека јазикот е бугарски и другите бугарски максималистички барања. Владата предводена од антимакедонската СДСМ го крие од јавноста во Македонија“, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако не е спорен протоколот тогаш зошто МНР го крие од јавноста и не го објави?

Ако протоколот кој излезе во медиумите во Македонија е погрешен според брифингот од МНР, тогаш кој е вистинскиот?

Дали Владата свесно прави измама на целиот народ и крие документ за поништување на Македонија затоа што тој во целост е антидржавен.

Воедно сакаме да се знае дека информацијата и фарсата во Собрание може да им помине, но промена на Уставот НЕ!

Затоа што ВМРО ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.

Со просто мнозинство им поминува сегашната информација во Собрание, но со двотретинско треба да поминат уставните измени, и ВМРО ДПМНЕ нема тоа да го дозволи. Антимакедонската СДСМ не треба да создава дополнителна штета и треба да го отфрли процесот кој ја загрозува нашата заедничка иднина“, истакна Томовски.

Постави одговор

Your email address will not be published.