СКОПЈЕ БЛОКИРАНО ОД ПОЛИЦИСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ – ПРЕД СОБРАНИЕ ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЧУВА ОНИЕ КОИ НАРОДОТ ГИ ИЗБРА И СЕ СПРЕМНИ ДА ГО ПРЕДАДАТ И ПРОДАДАТ ТОКМУ ТОЈ НАРОД

Жална е сликата во овие моменти пред Собранието на Република Македонија. Народот сеуште доаѓа и се собира да го изрази своето незадоволство против предавничкиот потег на Владата, поддржана од пратениците од владеачкото мнозинство, а огромен број на полициски специјалци буквално го имаат заградено Собранието.

Она собрание во кое треба народните избраници кои народот САМ ги избрал и кои ќе го предадат и продадат тој ист народ! Се зборува дека секој пратеник има по 5 (пет) телохранители кои треба да го заштитат од гневниот народ!

Полициско обезбедување има пред Собранието, ЕУ Инфо центарот, Бугарската амбасада и секаде помеѓу овие неколку критично точки.

Во исто време, додека пред собранието се собира голорак мирен народ да ја искаже својата непокорност, во Собранието се собираат народните избрници за обраќањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Според информации од Собранието, се очекува седницата да трае два дена. Информацијата за францускиот предлог пред пратениците се очекува да ја образложи претставник од Владата, по што ќе почне собраниската расправа. Според најавите, во расправата ќе учествуваат речиси сите пратеници од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Се очекува Џафери да ги свика координаторите на пратеничките групи да направат последен обид Собранието да донесе усогласени заклучоци по Информацијата за францускиот предлог. Предлог заклучоци за францускиот предлог до Собранието достави и пратеникот од ДС Павле Трајанов, како основа за дебата за усогласени заклучоци. Доколку пропадне обидот власта и опозицијата да се усогласат за заклучоците, тогаш мнозинството и пратениците од албанскиот блок ќе ги изгласаат заклучоците предложени од власта. Нема информации дали ако нема договор, Трајанов ќе ги повлече своите предлог-заклучоци или Собранието ќе гласа за двата предлог-заклучоци. Извесно е само дека врз предложените заклучоци не ќе може амандмански да се интервенира.

Она што последно се знае е дека пратениците на ЛДП ќе гласаат ЗА предлогот. Пратеникот Павле Трајанов можно е да не се појави на седницата за гласање, а ДОМ веќе се изјасни дека ќе биде против предлогот.