Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со пораки до Урсула фон дер Лајен: НЕ за асимилација и НЕ за бугаризација

За време на говорот во Собранието на Република Македонија на претседателката на европската комисија Урсала фор дер Лајен, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ подигнаа табли со пораки испишани на англиски јазик пренесувајќи ги пораките на народот со кого заедно протестираа масовно изминативе 10 дена.

На таблите пишува:

„Ултиматум не благодарам“

„Да за ЕУ, не за асимилација“

„Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот“

„Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна“

„Ние сме Македонци, не бугари“

„Бугарија, засрами се“

„Нема иднина без историја“

„Македонија не е на продажба“

„СДСМ предавници на народот“