Онлајн петиција за потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик!
Од вчера е отворена онлајн петиција со наслов „Проглас за заштита на македонскиот јазик и книжевност“.
Иницирана е од МЛАДИ МАКЕДОНИСТИ, а е против унилатералната изјава на Република Македонија приложена кон записникот од првата политичка МВК, во којашто се изоставени значајните научни факти за историјата и континуитетот на македонскиот јазик и книжевност, а едновремено се изнесуваат научно неточни тврдења за македонскиот јазик. Заради тоа, младите македонисти застануваат во одбрана на научната вистина и македонистиката и за да не се дозволи да бидеме современици на отпочнување етапа на самонегирачки процес, со политички акт во којшто не се земени предвид научно потврдените сознанија и заклучоци ниту на македонската, ниту на светската филологија.
Петицијата можете да ја потпишете тука: