Мицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва

Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР! – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пеејќи македонски песни и веејќи македонски знамиња, илјадници македонски граѓани и денес излегоа на протест против францускиот предлог.

Додека мирно се движеа од Владата кон зградата на МНР, македонските граѓани кои протестираа беа нападнати од група луѓе кај плоштадот Скендербег.

Група составена од неколку лица почна да фрла со тврди предмети кон демонстрантите.

Полицијата тргна  кон нив и ги растера насилниците.

Еден од нив извади пиштол. Според информации од терен, овој човек не бил единствениот кој извадил оружје.