Мицкоски: Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ! Вечер во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи со статус на Фејсбук по повод утрешната седница во Собранието каде што францускиот предлог ќе се најде пред пратениците.
Тој напиша дека предлогот може да помине во Собрание, но дека ќе нема промена на Уставот, и уште еднаш повика на протести вечерва во 19 часот.
„Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ!
Вечер во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание!
Ултиматум, НЕ благодарам“, напиша Мицкоски.