Мицкоски: Да, точно знам што пишува во францускиот предлог!

Изјава на Христијан Мицкоски:

„Мислите на последниот предлог? Да точно знам што пишува. Ако сакате да ви кажам? Таму има два документа едниот е General Conditions. Едниот е практично делот каде што се наоѓа преговарачката рамка, а другиот е оној документ кој што треба да биде прифатен сега од страна на нашата Влада. Во членот 11 од вториот документ, јасно стои дека Македонија нема да ги почне преговорите се додека не биде променет уставот, а во точка 14 Европската комисија му вели добредојде на протоколот од втората меѓувладина конверенција помеѓу Македонија и Бугарија. Чисто за да знаете што е тоа, тоа е дел од билатералниот договор помеѓу Македонија и Бугарија, членот 12 од тој Договор каде што државата се обврзува еднаш годишно да одржува меѓувладина конференција и на таа меѓувладина конференција се потпишува протокол.

Во овој протокол, вториот содржана е историјата, ревизија на учебниците, бришење на спомениците. Ние треба од нашите споменици да избришеме дека сме биле под фашистичка окупација од страна на Бугарите односно сојузниците на фашистичка Германија овдека во Македонија. Повеќе 7.200 Евреи се депортирани од Македонија во Треблинка за време на Втората светска војна. Треба да избришеме дека овој народ, слободарски народ се борел за независна држава против фашистичкиот окупатор. Ете тоа ќе биде предлогот модифициран и затоа сме ние против, затоа што ние нема да зборуваме за владеење на право, нема да зборуваме за подобра економија, нема да зборуваме борба против криминалот и корупцијата, нема да зборуваме за посилни институции. Туку ќе зборуваме дали Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, дали Илинденското востание било македонско или бугарско, дали тој споменик сме го избришале, другиот споменик не сме го избришале итн. Тоа е суштината, е затоа сме против. И ние сме единствената држава, единствената држава која што во својата преговарачка рамка има вакви услови, покрај Копенхагешките услови и покрај условите дефинирани со процесот на стабилизација и асоцијација. Е, затоа сме против“.