Запалено возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески од Прилеп

Синоќа околу 2 часто по полноќ во ТППЕ Прилеп бил пријавен пожap на автомобил на Ул. “Цар Самоил”.

Екипа со тројца пожарникари излегла на терен и за брзо време пожарот бил ставен под контрола.

Опожарени се биле две возила, а како што се дознава истите се во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески.

Засега нема информации кој и поради која причина го подметнал пожарот, останува тоа да го открие истрагата на МВР.