Весна Јаневска: Наставници, земете си ја професијата во свои раце, да не дозволиме луѓе што повеќе ја ценат парата од идентитетот да надвладеат

„Во време на длабока тага се молчи. Во време на лутина гласно се зборува. Откако одмолчев ќе си дозволам малку оддишка на болката и лутината“, напиша на својот фејсбук профил Весна Јаневска, Претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

“Чуму ти е идентитетот ако немаш пари“, рече “прогресивниот“ Костадин Костадинов и преживеа, а ние од тие како него доживеавме обид за бришење на идентитетот.

Си го гласавте, пак да си го гласате, ако не ви е срам!

Не ме чуди Костадин. Луѓето образувани и водени од богот “Пара“ толку знаат, толку можат. Оние кои прочитале некоја книга, макар и одбрана белетристика, на пример лектира, веројатно би размислиле и не би си дозволиле да дадат таква изјава.

Без лутина и со надеж, порака до наставниците:

Наставници, земете си ја професијата во свои раце, да не дозволиме луѓе што повеќе ја ценат парата од идентитетот да надвладеат. Од вас зависи!

#НиштоНеЕГотово

#ЌеГоСочувамеИдентитетот

#ДаЖивееМакедонија

Линк до статусот:

https://www.facebook.com/profvesnajanevska/posts/382862920616768