Кривична пријава за директорот на Управата за финансиската полиција Арафат Муареми

Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, како и кривчно дело „насилство“, Основното јавно обвинителство денеска поднело кривична пријава против Арафат Муареми, шефот на споменатата владина институција, ексклузивно дознава НетПрес кој имаше увид во соодветните документи.

Како што претходно објавивме, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција изврши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.

Информацијата во понеделникот кја ппотврди и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Вилма Русковска.

„Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата“, рече тогаш  Русковска.

Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот. Од обвинителството, исто така, известија дека постапуваат по кривична пријава коојашто била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани.

Муареми во јавноста се споменува како дел од случај за кој се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал. Владини извори на почетокот од седмицава за expres.mk тврдеа дека по добиените сознанија за активности на Муареми веќе нема можност тој да остане на високата и важна функција во владата. Управата за финансиска полиција е една од најважните алатки за контрола, меѓутоа,  и за притисок врз правните субјекти во земјата.

Неофицијално во случајот кој го истражува Јавното обвинителство станува збор за десетици фирми кои биле рекетирани и уценувани да исплатат „црни пари“, а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив.

Каква е улогата на Муареми и други високи лица од владејачките партии СДСМ и ДУИ, како и од владините структури, во овој случај е утврдува во соодветна постапка од обвинителството.

Муареми минатата годнија на локалните избори беше обвинет како се заканува со финансиски инспектори за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: НетПресс

Постави одговор

Your email address will not be published.