Ем шуто, ем боде: Фуркан Салиу со навреди кој Тони Стојановски: Луѓе како овој небањатиов, кој ни дома не го знаат дека е новинар, го уништија Вардар!

По повод 75 години постоење на фудбалскиот клуб Вардар, поранешниот уредник на спортската редакција Тони Стојановски имаше прилог, кој наиде на огромна поддршка кај навивачите и општо кај целата македонска јавност.

Но, секогаш ќе се јави по некој, кој освен омаловажување нема што друго да понуди, па така мисли дека ќе може да достигне некој друг.

Од овие вториве го издвојуваме апологетот на сегашната власт, Фуркан Салиу, кој на својот фејсбук профил напиша:

„Луѓе како овој небањатиов, еден спортски бренд како Вардар го искористија, го злоупотребија и на крај го уништија.

20 години спортски новинар, неговите дома не знаат дека е новинар, па мора да меша политика, спорт, национализам за некој да му обрне внимание.

Зошто ова го дозволува Вардар како клуб и МТВ како институција, не знам.

Ама едно знам, политиката го уништи Вардар. НАционализмот го уништи Вардар.

Среќен роденден Вардаре, се надевам дека еден ден ќе се вратиш многу посилен во првата лига, но како спортски клуб кој обединува, а не како клуб на одредена група на луѓе“!

Како колега кон колега, премногу е!

Постави одговор

Your email address will not be published.