Николоски до Бујар Османи: Вистината боли ама мора да се кажува
Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар николоски.
-Исто како што пред 4 години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е ,, научна фантастика“ . После неколку месеци таа ,,научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија, истакна Николоски.
Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори. Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот, истакна тој.