Ламбе на Инстаграм: Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа!

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, против кого се води постапка за палењето на контроверзниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, првпат по објавувањето дека тој е сторителот се огласи во јавноста преку „Инстаграм“. Тој се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку протестот во Битола.

„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата“, пишува тој.